
Заедничка меморија
Следниве функции на уредот може да
користат заедничка меморија:
мултимедијални пораки (MMS), e-mail
апликација, инстант пораки.
Користењето на една или повеќе од
овие карактеристики може да ја
намалат достапната меморија за
останатите карактеристики. Ако
Вашиот уред прикажува некоја порака
дека меморијата е полна, избришете
некои од зачуваните податоци во
споделената меморија.
За време на продолжената работа како
што се некој активен видео повик и
големо брзинска конекција за
податоци, уредот може да се загрее. Во
повеќето случаи, оваа состојба е
нормална. Ако се сомневате дека
уредот не работи правилно, однесете го
до најблискиот овластен сервис.