Nokia C6 00 - Offline профил

background image

Offline профил

Offline профилот Ви овозможува да го

користите уредот без да се поврзете на

безжична мобилна мрежа. Кога offline

профилот е активен, можете да го

користите Вашиот уред без SIM

картичка.
Активирајте го offline профилот

Кратко притиснете го копчето за

вклучување и одберете

Offline

.

Кога ќе го активирате offline профилот,

конекцијата со мобилната мрежа е

исклучена. Сите радио фреквентни

сигнали до и од уредот со мобилната

мрежа се оневозможени. Ако се

обидете да пратите пораки користејќи

мобилна мрежа, тие ќе одат во папката

за Испратени пораки и ќе бидат пратени

подоцна.

Важно: Во Офлајн профилот не

можете да остварувате или примате

какви било повици, или да користите

други карактеристики за кои е

потребно мобилно мрежно покривање.

Сеуште се можни повици кон

официјалниот итен број програмиран

во Вашиот уред. За да остварувате

повици, првин ќе морате да ја

активирате функцијата на телефонот со

промена на профилот. Ако уредот е

заклучен, внесете го кодот за

заклучување.
Кога го имате активирано offline

профилот, сèуште можете да ја

користите безжичната LAN (WLAN), на

пример, за да ги читате Вашите e-mail

пораки или да пребарувате на

интернет. Исто така можете да

користите Bluetooth конективност

додека сте во offline профилот.

Запамeтете да ги почитувате сите

применливи безбедносни барања кога

воспоставувате и користите WLAN или

Bluetooth конекции.