
Полнење на батеријата
Вашата батерија е фабрички делумно
наполнета. Ако уредот покажува слаба
батерија, сторете го следното:
1 Поврзете го полначот во ѕиден
штекер.
2 Поврзете го полначот до уредот.
Додека батеријата се полни,
вклучено е светлото на
индикаторот за полнење околу
конекторот на полначот.
3 Кога уредот покажува дека е
целосно наполнет, исклучете го
полначот од уредот, а потоа и од
напојувањето.
Нема потреба да ја полните батеријата
за определено време и можете да го
употребувате уредот додека се полни.
Ако батеријата е целосно испразнета,
може да биде потребно неколку минути
пред да се појави индикаторот на
екранот или пред да може да се
остварат повици.
Совет: Исклучете го полначот од
напојување кога полначот не е во
употреба. Полнач што е приклучен со
напојување троши струја и кога уредот
не е поврзан на него.
За време на продолжената работа како
што се некој активен видео повик и
големо брзинска конекција за
податоци, уредот може да се загрее. Во
повеќето случаи, оваа состојба е
нормална. Ако се сомневате дека
уредот не работи правилно, однесете го
до најблискиот овластен сервис.