Nokia C6 00 - Итни повици

background image

Итни повици

Важно: Овој уред функционира користејќи

радио сигнали, безжични мрежи, земјени мрежи и

функции програмирани од корисникот. Ако Вашиот уред

поддржува гласовни повици преку интернет (интернет

повици), активирајте ги и интернет повиците и мобилниот

телефон. Уредот ќе се обиде да оствари итни повици и

преку мобилните мрежи и преку Вашиот обезбедувач на

интернет повик доколку двете се активирани. Не може да

се гарантираат конекции во сите услови. Никогаш не

треба да се потпрете само на било кој безжичен уред за

важни разговори како што се итни медицински случаи.

За да остварите интен повик:

1

Ако уредот не е вклучен, вклучете го. Проверете

дали постои соодветна јачина на сигналот. Во

зависност од Вашиот уред, можеби ќе треба да го

завршите следноцо:

Вметнете SIM картичка доколку Вашиот уред

користи некоја.

Отстранете одредени ограничувања на повик

ако имате активирано во Вашиот уред.

Променете го Вашиот профил од режимот

офлајн профил во некој активен профил.

Ако екранот и копчињата се заклучени,

излизгајте го копчето за заклучување од

страна на уредот за да ги отклучите.

2

Притиснете го копчето за завршување онолку пати

колку што е потребно да го испразните екранот и да

го подготвите уредот за повици.

3

Отворете го избирачот на броеви со одбирање на
иконата за избирачот (

).

4

Внесето го официјалниот итен број за Вашата

моментална локација. Итните броеви се

разликуваат според локацијата.

5

Притиснете го копчето за повикување.

Кога правите итен повик, дадете ги сите неопходни

информации што е можно попрецизно. Вашиот безжичен

уред може да е единственото средство за комуникација

на местото на несреќата. Не прекинувајте го повикот

додека не добиете дозвола за тоа.

130 Информации за производот и безбедноста

© 2011 Nokia. Сите права се задржани.