Nokia C6 00 - Потенцијално експлозивни средини

background image

Потенцијално експлозивни средини
Исклучете го Вашиот уред во која било област со

потенцијално експлозивна атмосфера. Почитувајте ги

поставените упатства. Искрите во таквите области може

да предизвикаат некоја експлозија или пожар кои што

може да предизвикаат телесни повреди или смрт.

Исклучете го уредот во места за полнење гориво како што

се во близина на бензински пумпи. Придржувајте се до

ограничувањата во области за складирање и

дистрибуција на гориво; хемиски фабрики; или каде што

се вршат експлозии. Областите со потенцијално

експлозивна атмосфера се често, но не секогаш, јасно

означени. Тие вклучуваат области каде што ќе Ви биде

советувано да го исклучите моторот на Вашето возило,

под палубата на бродовите, при трансфер на хемикалии

или установи за складирање каде што воздухот содржи

хемикалии или честички како што се зрнца, прашина или

метален прав. Треба да проверите кај производителите

на возила кои што користат течен гас како гориво (како

што се пропан или бутан) за да одредите дали овој уред

може безбедно да се користи во нивна близина.