Nokia C6 00 - За WLAN

background image

За WLAN

За да користите безжичнa LAN (WLAN)

конекција, таа мора да е достапна во

Вашата локација и Вашиот уред мора да

е поврзан со WLAN мрежата. Некои

WLAN мрежи се заштитени, и потребен

Ви е клуч за пристап од обезбедувачот

на услуги за да се поврзете со нив.

Забелешка: Во Франција,

дозволено е користење WLAN само во

затворен простор.
Услугите како што се WLAN, или кои

може да се активни во позадина додека

користите други услуги, ја зголемуваат

побарувачката на енергија од

батеријата и го намалуваат животниот

век на батеријата.

Важно: Секогаш вклучете еден

од достапните методи на шифрирање

за да ја зголемите безбедноста на

Вашата безжична LAN конекција.

Користењето на шифрирање го

намалува ризикот од неовластен

пристап до Вашите податоци.