
WLAN конекции
За да користите LAN (WLAN) конекција,
мора да креирате интернет пристапна
точка (IAP) за WLAN. Користете ги
пристапните точки за апликациите што
треба да се поврзат со интернет.
WLAN конекција се воспоставува кога
ќе креирате дата конекција користејќи
WLAN интернет пристапна точка.
Активната WLAN конекција завршува
кога ќе ја завршите дата конекцијата.
Можете да користите WLAN за време на
гласовен повик или кога е активен
пакет дата. Можете да бидете
конектирани само со еден уред со WLAN
пристапна точка во исто време, но
неколку апликации може да ја користат
истата интернет пристапна точка.
Кога Вашиот уред е во офлајн
профилот, сеуште можете да
користите WLAN (доколку е достапна).
Запамтете да ги почитувате сите
применливи безбедносни барања кога
воспоставувате и користите WLAN
конекција.
Совет: За да ја проверите уникатната
адреса за контрола на пристап на медиа
(media access control - MAC) што го
идентификува Вашиот уред, отворете
го бирачот и внесете *#62209526# .