За Bluetooth конективноста
Со Bluetooth конективноста, можете да
направите безжична конекција со друг
компатибилен уред, како што се
мобилни уреди, компјутери, слушалки
и сетови за во автомобил.
Можете да ја користите конекцијата за
да испратите објекти од Вашиот уред,
префрлате датотеки од Вашиот
компатибилен PC и да печатите
датотеки со компатибилен печатач.
Одберете
Menu
>
Settings
и
Connectivity
>
Bluetooth
.
Бидејќи уредите со Bluetooth безжична
технологија комуницираат користејќи
радио бранови, тие не мора да бидат во
директна линиска врска. Како и да е,
тие мора да бидат оддалечени најмногу
10 метри (33 стапки) еден од друг, иако
конекцијата може да биде попречена
од некои пречки како што се ѕидови
или други електронски уреди.
Овој уред е во согласност со Bluetooth
спецификацијата 2.0 + EDR што ги
поддржува следниве профили: Dial-Up
Networking (DUN), Object Push Profile
(OPP), File Transfer Profile (FTP), Hands
Free Profile (HFP), Headset Profile (HSP),
Basic Imaging Profile (BIP), Remote SIM
Access Profile (SimAP), Device
Identification Profile (DI), Phonebook
Access Profile (PBAP), Human Interface
Device Profile (HID), Generic Audio/Video
Distribution Profile (GAVDP), Audio/Video
Remote Control Profile (AVRCP), Advanced
Audio Distribution Profile (A2DP) . За да
осигурате интеропратибилност помеѓу
другите уреди што поддржуваат
Bluetooth технологија, користете
додатоци за овој модел што се
одобрени од Nokia. Проверете со
производителите на другите уреди за
да ја утврдите нивната компатибилност
со овој уред.
Кога уредот е заклучен, можни се само
конекции со овластени уреди.
Функциите кои што користат Bluetooth
технологија ја зголемуваат
побарувачката на енергија од
батеријата и го намалуваат животниот
век на батеријата.
62 Конективност
© 2011 Nokia. Сите права се задржани.