
За начините на позиционирање
Мапи ја прикажува Вашата локација на
мапата користејќи позиционирање
основано на GPS, A-GPS, WLAN или
мрежа (cell ID).
GPS (Global Positioning System -
Глобален систем за позиционирање) е
систем за навигација основан на
сателит што се користи за калкулирање
на Вашата локација. Assisted GPS (A-GPS)
е мрежна услуга што Ви испраќа GPS
податоци, со подобрена брзина и
прецизност на позиционирањето.
Позиционирањето со WLAN ја
подобрува прецизноста на позицијата
кога GPS сигналите не се достапни,
особено кога сте во затворен простор
или помеѓу високи згради.
Со позиционирањето основано на
мрежа (cell ID), позицијата е одредена
преку систем на антена на којшто
Вашиот мобилен уред моментално е
приклучен.
Кога употребувате Мапи за прв пат,
потребно е да ја дефинирате интернет
влезната точка за да користите
даунлоадирање информации за мапа,
користење на A-GPS или поврзување
на WLAN.
За да избегнете трошоци при мрежната
услуга, можете да ги исклучите A-GPS,
WLAN и позиционирањето основано на
мрежа (cell ID) во прилагодувањата за
позиционирање на Вашиот уред, при
што калкулирањето на Вашата
локација може да потрае подолго. За
повеќе информации за
прилагодувањата за позиционирање,
видете го упатството за корисникот од
Вашиот уред.
Глобалниот систем за позиционирање
(GPS) е управуван од Владата на
Соединетите Држави, која е единствено
одговорна за точноста и одржувањето
на системот. На точноста на податоците
на локацијата може да влијае
прилагодувањето на GPS сателитите
кое го прави Владата на Соединетите
Држави и е предмет на промена со
политиката за цивилен GPS на
Министерството за одбрана на
Соединетите Американски Држави и
Федералниот Радио-навигационен
план. На точноста исто така може да
влијае и слабата геометрија на
сателитите. На достапноста и
квалитетот на GPS сигналите може да
влијае и Вашата околина, згради,
природни пречки како и временските
услови. GPS сигналите може да не се
достапни во внатрешноста на згради
или под земја и може да бидат
попречени од материјали како што се
бетон или метал.
GPS не треба да се користи за прецизни
мерења на локации, и не треба никогаш
да се потпирате единствено на
податоците за локацијата од GPS
приемникот и на мобилните радио
мрежи за позиционирање или
навигација.
Мерачот на патот има ограничена
точност и може да се појават грешки
при заокружување. На точноста исто
така може да влијае и достапноста и
квалитетот на GPS сигналите.
74 Мапи
© 2011 Nokia. Сите права се задржани.

Забелешка: Во Франција,
дозволено е користење WLAN само во
затворен простор.
Во зависност од достапните начини за
позиционирање, прецизноста на
позиционирањето може да се
разликува од неколку метри до неколку
километри.