Nokia C6 00 - Видео споделување

background image

Видео споделување

Користете видео споделување (мрежна

услуга) за да испратите снимка во живо

или видео клип од Вашиот мобилен

уред до друг компатибилен мобилен

уред за време на гласовен повик.
Звучникот е активен кога ќе го

активирате споделувањето на видео.

Ако не сакате да го користите звучникот

за гласовниот повик додека

споделувате видео, можете исто така да

користите компатибилни слушалки.

Предупредување:

Континуираното изложување на

висока јачина на звук може да го

оштети Вашиот слух. Слушајте музика

на умерено ниво, и не го држете уредот

во близина на Вашето уво кога се

користи звучникот.