Поддршка
Ако сакате да дознаете и научите
повеќе за употребата на Вашиот уред
или не сте сигурни како треба да
функционира уредот, одете на
www.nokia.com/support, или
користејќи мобилен уред, nokia.mobi/
support. Можете исто така да го читате
упатството во уредот. Одберете
Menu
>
Applications
>
Help
.
Ако ова не го реши Вашиот проблем,
направете нешто од следново:
•
Повторно стартувајте го Вашиот
уред. Исклучете го уредот и
отстранете ја батеријата. По една
минута, вратете ја батеријата на
своето место и вклучете го уредот.
•
Враќање на фабричките
прилагодувања
•
Надградба на софтверот на уредот
Доколку Вашите дилеми останат
нерешени, контактирајте со Nokia за
опции за поправање. Одете на
www.nokia.com/repair. Пред да го
испратите Вашиот уред на поправка,
секогаш направете резервни копии на
податоците во Вашиот уред.