
Mail for Exchange
Со Mail for Exchange, можете да ја
примите Вашата e-mail на работа на
Вашиот уред. Можете да го прочитате
Вашиот e-mail, прикажете ги изменете
ги компатибилните прилози,
прикажете ги белешките од
календарот, прикежете информации
од календарот, примајте и одговарајте
на барања за состаноци, закажувајте
состаноци и изменувајте информации
за контакт.
Mail for Exchange
Користењето на Mail for Exchange е
ограничено за синхронизација преку
мрежата на PIM информации помеѓу
Nokia уредот и овластениот Microsoft
Exchange сервер.
Mail for Exchange може да биде
наместена само ако Вашата компанија
има Microsoft Exchange Server.
Дополнително, IT администраторот на
Вашата компанија мора да има
активирано Mail for Exchange за Вашата
сметка.
Пред да започнете со прилагодувањето
на Mail for Exchange, осигурете се деока
го имате следново:
•
ID за корпоративен e-mail
•
Корисничко име за мрежата за
Вашата канцеларија
•
Лозинката за мрежата за Вашата
канцеларија
•
Името на доменот на Вашата мрежа
(контактирајте со IT одделот во
Вашата компанија)
•
Името на серверот за Mail for
Exchange (контактирајте со IT
одделот во Вашата компанија)
48 Mail for Exchange
© 2011 Nokia. Сите права се задржани.

Во зависност од конфигурацијата на
серверот за Mail for Exchange на Вашата
компанија, можеби ќе треба да внесете
други информации како дополнување
на тие на листата. Ако не ја знаете
точната информација, контактирајте
со IT одделот на Вашата компанија.
Со Mail for Exchange, користењето на
кодот за заклучување може да биде
задолжително. Стандардниот код за
заклучување на Вашиот уред е 12345,
но IT администраторот на Вашата
компанија може да има наместено кој
ќе го користите.
Можете да пристапите и да го
модифицирате профилот за Mail for
Exchange и прилагодувањата во
прилагодувањата за Пораки.